Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го скрши прстот на раката на натпреварот против Бетис во Примера и се приклучи на играчите кои се повредени во овој тим, потврди тренерот Сантијаго Солари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бензема во Севиља мораше да го напушти теренот на полувремето, кога влезе дебитантот Кристо Гонзалез, во натпреварот во кој Реал го доби со голот на Даниел Себаљос во финишот од слободен удар.
За сега не е познато колку Французинот ќе отсуствува, но се придружи на петте повредени Герет Бејл, Маријано Диаз, Тони Крос, Марко Асенсио и Маркос Лоренте.
Реал следниот натпревар го игра во среда против Леганес во гости во Купот на кралевите.