Интер немаше милост и за најдобриот, но може ли ова да се одрази на преговорите?
Нов удар за Интер во преговорите за новиот договор со Икарди. Ова е и знак дека клубот нема никого да толерира, доколку ги прекршува клупските правила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди задоцнил со пристигнувањето во Италија, но во Интер сметаат дека тоа можело да се предвиди и дека не требало да го чека последниот момент и тогаш да се враќа од татковината.
Аргентинецот задоцнил и пропуштил тренинг, клубот немал милост. Засега не се открива за каква казна се работи (веројатно паричина).
Ќе видиме како ќе се одрази ова на преговорите за новиот договор. Марота му понудил седум милиони евра (Икарди добивс 4.5), додека капитенот на „нероаѕурите“ бара 8.
Се шпекулира дека има ветување од Челзи или Реал дека ќе ја платат неговата клазула од 110 милиони евра во јули.
Според информациите Икарди сигурно ќе замине ако клубот не го направи втор најплатен играч во Серија А, после Роналдо кој е недопирлив со 30 милиони евра по сезона.