Дома Топ вести „Бомба“: Претставници на Нејмар се сретнаа со Барселона!

„Бомба“: Претставници на Нејмар се сретнаа со Барселона!

Раководството на Барселона започна преговори за враќање на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар на „Камп Ноу“, пренесуваат каталонските медиуми.

Според радио „Каталуња“ на самиот крај на календарската година дел од раководството на Барсеолона имало средба со претставници на најскапиот фудбалер на светот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


На состанокот биле присутни Пини Захави (менаџер) и Алваро Коста (пријател на фудбалерот).

Според каталонските медиуми самиот Нејмар сака да се врати во Барселона и смета дека неговиот избор да се пресели во ПСЖ бил голема грешка.

Бразилецот во летото 2017 година се пресели во Париз за сума од 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во светот, но не е среќен во ПСЖ.

Барса сака да ги искористи проблемите кои ги имаат „светците“ со Финансискиот фер-плеј и да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…