Италијанскиот гигант Интер има големи планови за следната сезона и сака во своите редови да ги донесе ѕвездите на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Тони Крос, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Минатото лето Модриќ беше силно поврзуван со трансфер на „Џузепе Меаца“, но на крајот Храватот сепак остана во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересот на Интер кон Модриќ не стивнува, особено откако плејмејкерот одби да потпише нов договор со „кралевите“. Италијанските медиуми се сигурни дека овој трансфер ќе се реализира следното лето.
Во исто време „нероаѕурите“ покажуваат сериозен интерес и кон Тони Крос. Германецот наводно е спремен да ја промени средината и да побара нова авантура, а Интер сака да ја искористи таа ситуација.
Во исто време капитенот Мауро Икарди се уште не потпишал нов договор, па не е исклучено тој да биде дел од големиот договор помеѓу двата клуба и да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.
#Modric più #Kroos: l'#Inter prepara il doppio assalto https://t.co/Ku9h0sb6nY
— Corriere dello Sport (@CorSport) January 8, 2019