Колумбискиот репрезентативец и ѕвезда на Ривер Плата, Хуан Квинтеро призна дека преговара со Манчестер Сити за трансфер оваа зима.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
25-годишниот Квинтеро кој и понатаму се наоѓа во сопственост на Порто, а игра на позајмица во Аргетина, откри дека преговорите за трансфер на „Етихад“ се започнати.
„Знам дека мојот менаџер започна преговори со Манчестер Сити и горд сум што таков клуб се интересира за мене. Но, доколку се вратам во Европа тоа ќе биде за доброто на сите страни, не само поради финансиски услови“, изјави Квинтеро.
Колумбискиот плејмејкер одигра одлично и на Светското првенство, а Гвардиола во него гледа идеална алтернатива за Фернандињо во пролетниот дел од сезоната.