Дома Фудбал Англија Мурињо се жалеше, еве што има Солскјер да каже за засилувањата

Мурињо се жалеше, еве што има Солскјер да каже за засилувањата

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека ќе разговара со извршниот директор Ед Вудворд за можните засилувања во зимскиот преоден рок.

Неговиот претходник Жозе Мурињо често пати се жалеше дека нема поддршка од клубот при доведувањето на засилувања, пред се од Вудворд. Сега Солскјер смета дека неговото мислење ќе биде земено во предвид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сигурен сум дека имаат добри планови за преодниот рок. Клубот веројатно од лето направил план, можеби и порано. Структурата е одлична, сигурен сум дека имаат во план некои играчи. Тука сум да го изнесам своето мислење, ќе разговарам со Ед ако сакаат да купат некого“, изјави Солскјер.

Во продолжение потенцираше дека негов приоритет е работата со играчите кои ги има на располагање.

„Тука сум да работам со играчите кои ги имам. Сите добро играа и кога е така треба да им се дава шанса. Тоа е мојата работа, да го унапредам тимот и индивидуалците“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…