Манчестер Сити вчера во големото дерби во ПЛ го совлада Ливерпул со резултат 2:1 и се доближи на 4 бода разлика.
Сити подобро го отвори натпреварот, доминираше во поголемиот дел, а мрежата на гостите ја погодија Агуеро и Сане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За нас секој натпревар е финале и знаевме дека битката за титулата ќе заврши ако не победиме. Победивме и одигравме без грешка од првата до последната минута.“ – изјави тренерот на Сити, Пеп.
Истакна дека првенството во Англија одамна не било поинтересно, па победата на Сити може да ги израдува сите фудбалски љубители.
„Не се сеќавам дека било некогаш потешко. Има многу добри екипи. Јунајтед се врати, Тотенхем го почитувам, а нормално тука се Челси и Арсенал. Мислам дека овој резултат е одличен за Премиер лигата, но Клоп нормално нема да се согласи со тоа.“ – додаде Гвардиола.