Во италијанските медиуми вчера се појави вест дека Икарди и Ванда се спремни да прифатат договор со плата од осум милиони евра по сезона, но изгледа не е така.
Икарди во овој момент заработува 4.5 милиони евра по сезона и тоа сигурно не ја отсликува неговата важност во тимот на Интер. Денес „Кориере дела Сара“ пишува дека Ванда за својот сопруг бара двојно повеќе – 9 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со таа заработка Икарди би стигнал на третото место на листата најплатени играчи во Серија А. Кристиано Роналдо е недопирлив со 30 милиони евра годишно во Јувентус, Гонзало Игуаин 9.5 милиони евра. Во овој момент платата на Икарди навистина е понижувачка со оглед на неговото влијание во играта на Интер.
Дали е вреден девет милиони евра по сезона, тоа е друго прашање. На друго место, во други земји сигурно би можел да добие и повеќе. Го знае тоа и Ванда.
Како и да е јасно е дека во овие моменти Интер и Икарди (Ванда) се во преговори, а наскоро се очекува некоја од страните и официјално да се огласи.
https://www.youtube.com/watch?v=fK5LYVd1MHs&t=1s