Дома Фудбал Ако ова е точно Буфон го изиграл Јувентус пред да замине во ПСЖ!

Ако ова е точно Буфон го изиграл Јувентус пред да замине во ПСЖ!

Џанлуиџи Буфон минатото лето после 17 сезони го напушти Јувентус и премина во француски Пари Сен Жермен.

Емотивно беше на неговиот последен натпревар на „Алијанц Арената“, ниту голманот не можеше да ги задржи солзите.

Меѓутоа сега спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи откри што се случувало пред заминувањето на Буфон.

„Џиџи нас ни кажа дека оди во пензија. Ние на тоа и се подготвивме, токму затоа му потврдивме на Шчесни дека тој ќе биде нашиот прв голман во новата сезона. На крајот пристигна понудата од ПСЖ, а Буфон ја прифати и си замина“, изјави спортскиот директор на „старата дама“.

Сепак, што и да се случувало сигурно големината на Буфон во очите на навивачите на Јувентус не е можно да биде намалена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски меѓу тројцата кандидати за ноемвриската награда во Ла Лига

Интервенција на македонскиот голман е номинирана за најдобра во ноември во шпанското првен…