Дома Трансфер зона Потврдно: Џерард доби големо засилување од Премиер лигата!

Потврдно: Џерард доби големо засилување од Премиер лигата!

Глазгов Ренџерс после неколку години повторно е во трака за титулата, особено после победата во дербито кога се израмни на врвот на табелата со Селтик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа тренерот Стивен Џерард сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и да ја прекине доминацијата на Селтик во шкотското првенство.

Како што пренесува „Скај Спорт“, постигнат е договор и Џермејн Дефо ќе ги засили „ренџерите“. Имено, искусниот напаѓач во наредните 18 месеци ќе настапува за Глазгов Ренџерс како позајмен фудбалер од Борнмут.

Дефо во кариерата постигна преку 100 голови во англиската Премиер лига, па несомнено ќе биде големо засилување за тимот на Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…