Дома Фудбал Батчуаи со еден хаштаг порача што мисли за трансферот на Пулишиќ

Батчуаи со еден хаштаг порача што мисли за трансферот на Пулишиќ

Кристијан Пулишиќ е нов фудбалер на Челси. Оваа вест е потврдена денеска а играчот во Лондон ќе се пресели по крајот на сезоната.

Веднаш после објавата дека трансферот е завршен, на социјалните мрежи се огласи и напаѓачот на Челси, кој е на позајмица во Валенсија, Батчуаи со интересна порака.

Тој со фотографија од времето додека со Пулишиќ заедно играа во Дортмунд, стави неколку хаштагови, а најинтересен беше оној првиот – Агент Мичи, со што може да се заклучи дека Белгијанецот имал своја улога во преговорите за овој трансфер.

Иако во Челси го нема веќе неколку време, Мичи очигледно се уште завршува одлична работа за Сините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…