Дома Фудбал Останато ВИДЕО: После шест години Ренџерс го победи Селтик!

ВИДЕО: После шест години Ренџерс го победи Селтик!

Глазгов Ренџерс славеше во големото дерби против Селтик со 1:0.

„Олд Фирм“ како и секогаш донесе интересен фудбал, а после шест години Ренџерс го победи најголемиот ривал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Моментот на одлука се случи во 30-тата минута. Првиот погодок во дресот на Ренџерс во кариерата го постигна Рајан Џак.

Иако шанси до крајот имаше и на двете страни, резултатот не се менуваше. Џак во вистински момент го постигна дебитантскиот погодок, а легендарниот Стивен Џерард за прв пат славеше во ова големо дерби како тренер на Ренџерс.

Со оваа победа Ренџерси се изедначија со најголемиот ривал на врвот на табелата, сега и двата тима имаат по 42 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енцо Мареска повторно во Серија А?!

Според италијанските медиуми, Енцо Мареска може да се врати во Серија А. За неговите услуг…