Дома Трансфер зона Барса и Јувентус се „тепаат“ за двајца фудбалери

Барса и Јувентус се „тепаат“ за двајца фудбалери

Барселона и Јувентус ќе водат жестока битка за потписите на двајца талентирани дефазнивци, пренесуваат шпанските и италијанските медиуми.

Станува збор за ѕвездата на Ајакс, Матијас де Лихт и талентот на Тулус, Жан Клер Тобидо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Јувентус сака да прави реконструкција на одбраната следното лето. Барзаљи заминува во пензија, додека Киелини е веќе при крајот на својата кариера. Од друга страна Ругани не ги оправда очекуавњата, а Бенатија е на излезна врата.

Поради тоа „старата дама“ како приоритет во летниот преоден рок ќе го има Матијас де Лихт од Ајакс, но и Тобидо кој важи за голем талент.

Барселона има проблеми во одбраната и ангажирањето на Муриљо нема да биде доволно, па на лето главна цел на Каталонците ќе биде токму Матијас де Лихт.

Холандскиот репрезентативец важи за еден од најперспективните стопери во светот и Ајакс за неговата слобода бара 90 милиони евра.

Двата клуба се веќе во преговори со неговиот менаџер Мино Раиола, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…