Дома Фудбал Англија Покетино: Навивачите можат да ја сонуваат титулата, но Ливерпул и Сити се фаворити

Покетино: Навивачите можат да ја сонуваат титулата, но Ливерпул и Сити се фаворити

Фудбалерите на Тотенхем синоќа на Вембли го прегазија Борнмут со 5:0 во натпревар од 19. коло во ПЛ, па тренерот Покетино имаше доволна причина за задоволство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој им порача на навивачите дека можат да ја сонуваат титулата, но дека Ливерпул и Сити се сепак први фаворити.

„Навивачите можат да сонуваат и да мислат на титулата колку сакаат. Фудбалот е отворен за сонување и верување, но мора да ги почитуваме нашите ривали. Ливерпул и Манчестер Сити имаат историја на освојување бројни трофеи. Заслуживме да бидеме овде, но мора да одиме чекор по чекор. Сити и Ливерпул и натаму се фаворити за титулата.“ – изјави Покетино.

Тотенхем после 19 одиграни кола се наоѓа на 2. позиција на табелата со 45 освоени бода, односно шест помалку од лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилски фудбалер за малку не настрада поради невнимание откако даде гол

Капитенот на бразилскиот Коритиба, Жаси Марањао, доживеа чуден инцидент за време на натпре…