Еден Азар се уште не се согласил да го продолжи договорот со Челзи, а и не ја крие желбата да го облече дресот на Реал Мадрид.
Голем дел од фудбалскиот свет е убеден дека Азар еден ден сигурно ќе заигра за „кралевите“ и дека Флорентино Перез ќе направи се за да го доведе. Азар со Челзи има договор до 2020 година, но во Челзи се обидуваат да издејствуваат тој да потпише нов договор. Во тој случај и да замине „сините“ би заработиле многу поголема сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Азар призна дека има желба да заигра за Реал Мадрид, а навивачите на Челзи стравуваат дека тоа може да се случи дури и во јануари. Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал спремил понуда за Белгиецот која лондонскиот клуб тешко ќе ја одбие.
Наводно, Реал Мадрид е спремен на Челзи да му отстапи двајца играчи. Доколку оваа информација на Шпанците се покаже како точна „сините“ навистина би требало да размислат.
Како што се наведува Реал на пат кон Лондон би можел да го испрати Иско, но и договорот на Ковачиќ кој веќе настапува за Челзи како позајмен играч.
Така Ковачиќ би станал играч на Челзи, а местото на Азар би било пополнето со Иско.
https://www.youtube.com/watch?v=XavnOVtHHx8