Дома Трансфер зона Проблем за ПСЖ: После Рабио, уште еден играч за врска сака да замине

Проблем за ПСЖ: После Рабио, уште еден играч за врска сака да замине

Томас Тухел на располагање го има веројатно најдобриот напад на располагање, но средниот ред започнува да му прави проблеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Адриен Рабио поради одбивањето на го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната ќе остане на клупата за резерви, па од фудбалерите кои може да ја покриваат позицијата последен и централен игач за врска на Тухел му останаа само Марко Верати и искусниот Ласана Диара.

Ласана Диара не се наигра од доаѓањето во ПСЖ, но на Тухел секако му е важно да има алтерантива за Верати. Сепак, сега пристигнува вест дека 33 годишниот Диара побарал раскинување на договорот со ПСЖ и дека преговорите со него и клубот се во тек.

Наводно Диара сака да ја заврши кариерата половина година пред истекот на неговиот договор со ПСЖ со цел да се посвети на другите работи, пред се приватниот бизнис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…