Милан вчера беше поразен на домашен терен од Фиорентина и падна на 5-то место на табелата.
Милан нема победа на последние 5 натпревари во Серија А и во меѓувреме испадна од Лига Европа, па затоа Гатузо се најде на удар кај раководството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот му поставил ултиматум на тренерот – доколку не победи на двата следни натпревари од Серија А ќе добие отказ.
Милан до крајот на годината има прилично лесен распоред и ќе игра со Фросиноне и СПАЛ.
Доколку Гатузо не успее да ги добие овие два натпревари, веројатно ќе ја загуби работата, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Арсен Венгер, кој е во одлични односи со генералниот директор Газидис.
Наводно Газидис веќе го контактирал поранешниот тренер на Арсенал, кој во јануари би можел да го презеле кормилото на „росонерите“.