Вчера договорот со Јувентус го продолжи Алекс Сандро кој сега годишно ќе заработува околу пет милиони евра. Според „Тутоспорт“ сега на ред е Марио Манџукиќ.
Италијаните на насловната страна пренесуваат вест дека започнуваат преговорите со Јувентус и Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач има договор со италијанскиот шампион до 2020 година. Хрватот сака да остане во Торино и Јувентус сака да го задржи, но ако му веруваме на „Тутоспорт“ двете страни не се блиску до договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Манџукиќ сака договор на три години и зголемување на платата од три милиони евра. Според актуелниот договор Манџукиќ заработува четири ипол милиони евра, а сега бара околу 22 милиони за три години.
Од друга страна пак Јувентус му нуди договор на две години, бидејќи Манџукиќ во 2020 година ќе има 34 години.
Оваа сезона Манџукиќ во 13 настапи постигна седум голови и запиша три асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=2Ytrfg3zU8c