Цеск Фабрегас најверојатно ги брои последните денови во Челзи, а како што се приближува зимскиот преоден рок, така се побројни се понудите за Шпанецот.
До сега како фаворит за неговиот потпис важеше Милан, но сега во трката се приклучи и француски Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монако игра катастрофална сезона и се бори за опстанок во лигата, па Анри сака квалитетни засилувања во јануари.
Негова најголема желба е токму Фабрегас и веќе го известил раководството на Монако да испрати понуда за шпанскиот плејмејкер.
Сепак, прашање е дали Фабрегас ќе се согласи на таков ризик и да потпише за клуб кој моментално е во зоната за испаѓање од Лига 1.
Анри ќе се обиде лично да го убеди бидејќи е негов пријател од деновите во Арсенал, но Фабрегас сепак преферира преселба во Милано.