Дома Фудбал Англија Ниту Зидан, ниту Блан: Јунајтед преговара со ѕвездата на клубот!

Ниту Зидан, ниту Блан: Јунајтед преговара со ѕвездата на клубот!

Жозе Мурињо утрово доби отказ од Манчестер Јунајтед, а како привремено решение ќе биде Мајкл Керик.

Керик е поставен на местото тренер додека клубот не пронајде ново решение, а тоа се очекува во наредните неколку дена. Со Јунајтед во овој момент се поврзуваат голем број тенери, а навивачите на клупата сакаат да го видат Зинедин Зидан.

Сепак, Мирор објави информација која прилично ги изненади навивачите на овој клуб. Според нивните информации, Манчестер Јунајтед моментално преговара со легендата на овој клуб, Оле Гунар Солскјер.

Овој 45-годишен Норвежанец играчката кариера ја заврши во 2007. година токму во Јунајтед каде помина цели 11 сезони. После тоа како тренер ги водеше резервите на англискиот клуб, а моментално е тренер на Молде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ждрепката ги спои Македонците: Неколку „македонски дербија“ во Конференциската лига! (ФОТО)

По денешната ждрепка, познати се сите противници на македонските фудбалери кои ќе настапув…