Дома Фудбал Останато Меси ги честеше Хрватите за успехот на Мундијалот

Меси ги честеше Хрватите за успехот на Мундијалот

Репрезентативецот на Хрватска, Домогој Вида откри интересен детал од Светското првенство, кој до сега не беше познат за јавноста.

Хрватска на Мундијалот во Русија се пласираше во финалето, а до тој пат победија многу големи репрезентации меѓу кои и Аргентина на Лео Меси.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На прашањето чии дресови ги има, Вида изјави дека сите репрезентативци добиле дрес од Меси.

„Меси преку Ракитиќ испрати 30 дресови со негов потпис. За сите во нашата репрезентација. Му се допаднало како играме и како се бориме. Според него Хрватска играла најдобар фудбал на Мундијалот“, откри Вида.

Хрватска ја совлада Аргентина 3:0 во групната фаза, а стрелци беа Ребиќ, Модриќ и Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед блиску до договор со играчи кои беа отпишани

Манчестер Јунајтед е на чекор од важни потписи, бидејќи преговорите за нови договори со Ко…