Дома Фудбал Италија Конечно добри вести за Милан: Се враќаат тројца важни фудбалери!

Конечно добри вести за Милан: Се враќаат тројца важни фудбалери!

Милан утре игра против Болоња во рамките на 16-то коло од Серија А, а пред мечот конечно стигнаа добри вести за Џенаро Гатузо.

Имено, двајцата дефанзивци Мусакио и Ромањоли се целосно рехабилитирани од повредите, како и Сусо кој го пропушти последниот натпревар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Сусо е спремен, Ромањоли и Мусакио се повикани за утрешниот меч, но се уште не сум одлучил дали ќе бидат во стартниот тим. Треба да бидеме внимателни после такви повреди“, изјави Гатузо.

„Поразот од Олимпијакос е голем удар за нас. Самите им го подаривме тој меч. Сепак, добар сигнал е дека видов како фудбалерите плачат во соблекувалната. Тој натпревар е дамка за Милан, но сега се насочуваме кон првенството и сакаме да докажеме дека имаме квалитет“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …