Веќе долго време се зборува за судбината на фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро.
Медиумите шпекулираат за тоа дека Бразилецот би можел да го напушти Торино, за неговите услуги заинтересирани се многу европски клубови, а во прв план се Манчестер Јунајтед и Челзи. „Бјанконерите“ сакаат да го зачуваат, но не по секоја цена, па веќе пронајдоја ново решение за иднина.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Станува збор за фудбалерот на Атлетико Паранаенсе, Ренан Лоди кој има 20 години и игра на позицијата лев бек, а многумина сметаат дека поседува исти квалитети како и неговиот сонародник од Јувентус. Прерано е да се збровуа за траснфер, но Фабио Патаричи веќе им наредил на своите скаути повеќе да го следат Лоди.
Тоа е понуда за иднина, па не треба да се очекува дека Јуве ќе превземе било какви чекори за да го доведе оваа зима.