Ливерпул запиша голема победа во дербито против најголемиот ривал Манчестер Јунајтед, а херој за „црвените“ беше Џердан Шаќири кој влезе од клупата за резерви.
Ливерпул фириозно го започна натпреварот и беше само прашање на време кога ќе постигне гол. После неколкуте одбрани, Де Геа беше немоќен кога пред него излезе Садио Мане, кој одлично беше проигран од Фабињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, радоста на Ливерпул траеше кратко бидејќи само неколку минути подоцна Алисон направи голема грешка, која ја искористи Лингард за израмнување на 1:1.
https://youtu.be/GzWyi0IhzJw
Во второто полувреме „црвените“ повторно ја имаа иницијативата, а во 70-та минута Клоп го стави во игра Шаќири. Само три минути подоцна Швајцарецот погоди за водство од 2:1, а во 80-та минута уште еднаш го матираше Де Геа за конечни 3:1.
После оваа победа Ливерпул се врати на врвот на табелата, додека тимот на Мурињо остана на 6-та позиција.