Голманот на Реал Мадрид и некогашен член на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа го обвини Диего Симеоне дека го критикува „кралскиот“ клуб за да им се „додворува“ на „јорганџиите“.
Аргентинецот постојано го критикува Реал Мадрид, а неодамна изјави дека не се согласува за изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер и за изборот на Куртоа за најдобар голман.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Симеоне нас не критикува, како би стекнал поголема популарност помеѓу навивачите на Атлетико Мадрид. Секогаш го прави истото и секогаш му успева, бидејќи ривалството помеѓу двата клубови е големо“, истакна Куртоа.
„Секое мислење треба да се почитува. Но, јас бев дел од Атлетико и кога се борите со клуб каков што е Реал, секогаш мора да го тргнет евниманието и да го насочите кон сосема друга приказна“, заклучи голманот.