Дома Трансфер зона УЕФА му направи проблем на Милан: Игуаин нема да биде откупен – може да заврши во Премиер лигата!

УЕФА му направи проблем на Милан: Игуаин нема да биде откупен – може да заврши во Премиер лигата!

higuain

Oткупот на Гонзало Игуаин од страна на Милан изгледаше како формалност минатото лето кога Милан на Јувентус му плати 18 милиони евра само за позајмица.

Никој не веруваше дека еден клуб може да плати толкава сума само за позајмица на еден фудбалер. „Росонерите“ имаат право да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за дополнителни 36 милиони евра, но тоа изгледа нема да се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После казната од УЕФА работите се променија, Милан тешко ќе може да ја плати сумата после санкциите од европската куќа на фудбалот.

Ќе потсетиме, УЕФА ја блокираше заработката од 12 милиони евра за приходите на Милан од овосезонскиот настап во Лига Европа, а во наредната ќе можат да пријават само 21 играч. Исто така доколку не ги поправат финансиите до 2021 година би можела на сила да стапи забраната за учество во европските натпреварувања.

Поради ваквата ситуација Милан не е заинтересиран да троши голема сума за играч кој овој месец ќе наполни 31 година, а одредени италијански медиуми како „Раи Спорт“ пренесуваат дека позајмицата на Игуаин би можела да биде скратена поради неговата голема плата.

Доколку тоа се случи, наводно Челзи ќе се обиде да го доведе Игуаин кој така одново би соработувал со Маурицио Сари (соработуваа во Наполи). Исто така се шпекулира дека во тој трансфер Челзи може да го вклучи Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…