Дома Топ вести Марота прави „револуција“ – во Интер пристигнуваат три големи имиња

Марота прави „револуција“ – во Интер пристигнуваат три големи имиња

Џузепе Марота вчера и официјално стапи на должност во Интер, но тоа нема да резултира со големи засулувања на зима, туку следното лето ќе има вистинска револуција во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најпрво треба да дојде до смена на Спалети. Веќе е извесно после елиминацијата од ЛШ, дека столчето на тренерот се разниша. Марота сака да донесе големо тренерско име на „Џузепе Меаца“, а најголема желба е Антонио Конте или Диего Симеоне.

Марота веќе работи на трансферите на двајцата најголеми италијански таленти, Барела од Каљари и Федерико Киеза од Фиорентина. Цената на двајцата фудбалери во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Притоа, клубот сака да донесе една голема ѕвезда, а прв на листата желби е Лука Модриќ. Доколку Хрватот одлучи да остане во Реал Мадрид, тогаш како алтернатива се споменува Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Во секој случај планот на „нероаѕурите“ е следната сезона да му фрлат ракавица на Јувентус и да се борат за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…