Кристиано Роналдо иако кратко време е во клубот, сепак го сфати значењето на градското дерби со Торино.
Роналдо утре за прв пат ќе настапи на дербито на Торино, а пред мечот порача дека го разбира ривалството и колку е важна победата во овој меч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Еден од економите во клубот ми рече, „ве молам, победете, во спротивно мојата баба…“, откри Роналдо за „Тутоспорт“.
„Научив дека фановите на Јувентус одбиваат да загубат два натпревари: против Интер и против Торино. Поразот секогаш е лош, не го сакам ниту јас“.
„Дербито секогаш е посебен меч, па треба да го добиеме. Мирен сум бидејќи го знам потенцијалот на тимот. Имаме некои многу важни натпревари пред нас“, истакна Португалецот.