Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Денис Суарез не е задоволен од својот статус во клубот и јавно побара трансфер.
Суарез оваа сезона добива многу мала минутажа, па јавно го изрази своето незадоволство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум среќен, мора да го признаам тоа. Не играм доволно, а мојата желба е да уживам на теренот. Работам напорно за да добивам шанса и да играм, ако не играм во иднина, ќе видиме што ќе се случи“, изјави неодамна Суарез.
Шпанските медиуми тврдат дека плејмејкерот готово сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“ во јануари, а на маса има понуди од дури 6 европски гиганти.
Имено, силен интерес за неговиот потпис покажуваат Челзи, Милан, Наполи, Арсенал, Валенсија и Севиља.
‼️NOTÍCIA @EsportsRAC1
Denis Suárez té un 80% de possibilitats de sortir al gener. Té decidit que ha de marxar i està decebut amb Valverde quan li va prometre minuts a l'estiu. Sobre la taula, 6 opcions: Chelsea, Arsenal, Milan, Nàpols, València i Sevilla #frac1 pic.twitter.com/ASD5Omt754
— El Barça juga a RAC1 (@FCBRAC1) December 13, 2018