Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде интересна изјава после синоќешниот пораз од Валенсија во ЛШ.
Мурињо после натпреварот рече дека ништо што видел на синоќешниот натпревар не го изненадило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ништо не научив од овој натпревар, ништо што се случи не ме изненади.“ – започна Мурињо и додаде:
„Не сум задоволен од играта. Пред натпреварот на играчите им реков дека ако ние победиме и Јувентус победи ќе го завршиме нашиот дел од работата. Ако ние не победиме и Јувентус не победи, тогаш можеме да сме виновни сами.“
Манчестер Јунајтед на крајот заврши како втор во оваа група и со сигурност ќе добие тежок противник во осмина финалето.