Дома Топ вести Герет Бејл го моли Реал: Доведете го НЕГО на местото од Роналдо!

Герет Бејл го моли Реал: Доведете го НЕГО на местото од Роналдо!

Герет Бејл откри кој би сакал да го види во Реал Мадрид како негов партнер на местото на Кристиано Роналдо.

Бејл го моли раководството на Реал Мадрид да го доведат Деле Али доколку го продадат Кристиано Роналдо“, пишува „Сан“ повикувајќи се на извори од Шпанија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Истиот извор пишува дека Велшанецот смета дека ѕвездата на Тотенхем е идеална замена за Португалецот. Меѓутоа, за играчот кој е проценет на 100 милиони евра заинтересирани се уште многу европски гиганти. Али игра брилјантно и постигна 10 гола на последните 12 натпревари.

На почетокот на годината медиумите објавија тажна приказна за ѕвездата на „спарси“. Неговата мајка го оставила како 13-годишник борејќи се со зависноста од алкохол.

„Времината беа многу тешки, бев самохрана мајка. Имав четири деца од четири различни татковци, но ниту една од тие врски не потрае“, изјави во едно интервју мајката на Али.

Дека Бејл и Роналдо не функционираат во последно време говори и податокот дека на дуелот со Наполи Португалецот ниту еднаш не му ја подал топката на Бејл, а и Велшанецот немал додавање кон Роналдо.

Притоа, во анкетата која ја спроведе „АС“, дури 77% од фановите се изјаснија дека не сакаат да го видат триото Бензема, Бејл и Роналдо во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …