Дома Фудбал Лига на шампиони Ловрен вчера играше три минути и успеа да ги изнервира навивачите на Ливерпул

Ловрен вчера играше три минути и успеа да ги изнервира навивачите на Ливерпул

Дејан Ловрен со Ливерпул помина во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англискиот клуб со 1:0 го совлада Наполи и тоа му беше сосема доволно. Хрватскиот дефанзивец во игра влезе во 90-тата минута. На теренот помина само три минути и за тоа време успеа да ги разбесни навивачите. Малку недостасуваше да стане трагичар…

Аркадиуш Милик, е фудбалерот кого Ловрен требаше да го чува во нападот на Наполи во 92-та минута, но тој се најде во 100% прилика за гол, а Алисон со чудесна одбрана ги спаси Ловрен и Ливерпул.

После натпреварот друштвените мрежи беа преплавени со негативни коментари од бесните навивачи на сметка на Ловрен.

„Еве зошто мораме да го продадеме уште во јануаи“, „Најлесниот потег и Ловрен успеа да погреши…“, „Две минути играше и за малку ќе не исфрлеше“….Гласеа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо има две барања за да се врати во Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО (63) е во центарот на вниманието како потенцијален нов тренер на Реал Мадрид, …