Европската фудбалска федерација (УЕФА) повторно би можела да ги промени термините за натпреварите во Лигата на шампионите.
Од оваа сезона натпреварите во најелитното европско натпреварување се играат во термини од 18:55 и 21:00 часот по средноевропско време, но бидејќи парите играат голема улога УЕФА повторно би можела да прави промени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите луѓе на европската куќа на фудбалот според пишувањето на „Билд“ размислува натпреварите за Лигата на шампионите да се пренесат за викенд, односно место во вторник и среда, да се играат во сабота и недела.
Причината за ваквата промена е сосема јасна. УЕФА би имала многу поголема заработка отколку што е случај кога натпреварите се играат во средина на неделата. Во викендите би имале поголем број гледачи, а тоа значи и повеќе пари.
Овој предлог наскоро ќе се разгледува и во блиска иднина би можеле Лигата на шампионите да ја гледаме во нови термини. Ваквата промена секако многу ќе влијае и на националните првенства, но парите се тие кои го диктираат темпото.