Дома Топ вести ВИДЕО: Манчестер Сити спремен да му исполни желба на Гвардиола од – 150 милиони евра!

ВИДЕО: Манчестер Сити спремен да му исполни желба на Гвардиола од – 150 милиони евра!

Пеп Гвардиола изгледа им ја соопштил својата желба на сопствениците на Манчестер Сити, а тие се спремни да му ја исполнат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Гвардиола долго време го следеше младиот фудбалер на Ајакс, Франк Де Јонг, но тој на крајот изгледа ќе заврши во ПСЖ. Ќе потсетиме, медиумите во Холандија неодамна објавија дека ПСЖ го договорил неговиот потпис за сума од 75 милиони евра.

Поради таквата ситуација во Сити наводно се одлучни да ја платат клазулата за Саул Нигез од Атлетико Мадрид која изнесува – 150 милиони евра!

Атлетико не сака да слушне за продажба на Нигез под споменатата сума, па поради тоа ако Гвардиола навистина го сака нема многу избор.

„Граѓаните“ немаа голем број опции во средниот ред, а последните повреди во тимот го натерале Гвардиола да размислува за супер засилување.

Сепак и да е точно дека Сити навистин сака да плати 150 милиони евра не е познато дали шпанскиот репрезентативец ќе има желба да го напушти Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…