Дома Фудбал Дали Пеле е во право? Еве колку гола има Меси со глава и десна нога!

Дали Пеле е во право? Еве колку гола има Меси со глава и десна нога!

Изјавата на бразилската легенда Пеле дека ѕвездата на Барселона Лео Меси не може да игра со глава и со десната нога, крена голема прашина во фудбалскиот свет.

Медиумите веднаш почнаа да вадат статистики и застанаа во одбрана на Аргентинецот, а како најадекватен пример се наведува голот со глава кој Меси го постигна во финалето од ЛШ против Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Статистиката исто така покажува, иако Меси постигнува многу повеќе голови со лева нога, сепак тој има голем број на погодоци со десната нога, како и со глава.

Од сите 632 гола кои ги постигнал во кариерата дури 523 се постигнати со лева нога, 83 со десна нога, а покрај нискиот раст, Меси има 24 гола со глава. Останатите два гола ги постигнал со гради и колк.

https://youtu.be/uSRBmsQaBTI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна е причината поради која играчите на Баерн ја прославија титулата со статуа на какаду папагал

Баварците во неделата станаа шампиони на Бундеслигата по 35-ти пат по победата од 4:2 прот…