Пред неколку дена португалските медиуми пренесоа дека Манчестер Јунајтед започнал преговори за младата ѕвезда на Порто Едер Милитао.
Меѓутоа, „А Бола“ пренесува дека во трката за негов потпис се вклучил и големиот ривал на „црвените ѓаволи“, тимот на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скаутите на Јунајтед веќе подолго време ги следат настапите на Милитао и наводно стапиле во контакт со неговиот агент Киа Јорабчијан за да преговараат за негов евентуален трансфер на „Олд Трафорд“.
„А Бола“ пренесува дека Порто веќе ги поставил условите за трансфер и секој кој што го сака фудбалерот ќе мора да искешира 50 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари е воодушевен од квалитетот на овој 20-годишен фудбалер, па „сините“ се спремни да ја активираат откупната клаузула.
Едер Милитао е централен дефанзивец и важи за еден од најперспективните во Европа, иако може да игра и како дефанзивен играч за врска. Во Порто пристигна ова лето од Сао Паоло за 4 милиони евра и веднаш импресионираше со своите настапи.
Притоа, во септември дебитираше и за бразилската репрезентација, па останува да видиме кој од двбата клуба ќе победи во траката за неговиот потпис.