Дома Топ вести Чави сигурен: ТОЈ е идеално засилување за Барселона!

Чави сигурен: ТОЈ е идеално засилување за Барселона!

Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернанес смета дека Марко Верати би бил идеално засилување за неговиот поранешен клуб.

Чави, кој моментално настапува во Катар меѓу другото јавно изрази желба во иднината да биде тренер на каталонскиот гигнат.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Притоа, легенадрниот плејмејкер упати апел до раководството да се обиде да го ангажира Марко Верати од ПСЖ, кого го смета за свој наследник.

„Верати ќе биде идеално засилување. Мислам дека Верати малку наликува на мене. Секогаш се враќа длабоко на својата половина да ја побара топката, ја изнесува, ги организира нападите и го диктира темпото”.

„Верати е мал како мене и никогаш не ја губи топката, исто како мене. Неговата техника е извонредна. Би сакал да го видам во Барселона”, истакна Чави
.
Чави го прокоментира и дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ и верува дека неговите поранешни соиграчи можат да направат пресврт.

„Никој не може да говори со сигурност што ќе се случи, и двата тима имаат една иста цел, а тоа е да се најдат во наредната нокаут рунда. ПСЖ беше подобар во сите аспекти на првиот меч, но Барселона е подобар тим. Нејмар, Меси, Суарез и Бускетс утре ќе го прикажат своето најдобро лице. Тоа ми дозволува да мислам дека пресвртот е можен“, смета Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …