Дома Фудбал Италија Роналдо руши рекорди: Само тој и легендата на Милан го направија ОВА во историјата на Серија А!

Роналдо руши рекорди: Само тој и легендата на Милан го направија ОВА во историјата на Серија А!

Интересна статистика, Кристиано Роналдо го постигна десетиот гол во лигата, се изедначи со Пијатек, сега го чека Интер во петок, би можело да го превземе челото на листата на стрелци.

Португалецот не даде гол првите три натпревари, но потоа започна да „решети“, а покрај головите, асистираше и шест пати, кога ќе ги собереме натпреварите, тој има практично гол и асистенција по натпревар, што е подобро дури и од Реал Мадрид, кога ретко гледаше кон соиграчите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кога ќе се погледне историјата во Серија А, само еден човек успеа во 14 натпревари да постигне двоцифрен број на голови во дебитанската сезона, кога станува збор за легендарните странци. Станува збор за Андреј Шевченко, никој друг, ниту Марадона, Платини, Ван Бастен, Зико, Ибрахимовиќ и Трезеге, како ниту бразилскиот Роналдо не можеа да го направат тоа.

Роналдо сруши уште еден рекорд, оној на Велшанецот Џон Чарлс во тоа време веројатно најдобриот класичен напаѓач во светот, кој беше играч со најбрзо постигнати десет гола во историјата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола по шокантното испаѓање на Сити: Не можам доволно да им се заблагодарам на играчите

Пo три убедливи победи во групната фаза на Светското клупско првенство, Манчестер Сити беш…