Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски задоволен од жребот: Добивме израмнета група!

Ангеловски задоволен од жребот: Добивме израмнета група!

Фудбалската репрезентација на Македонија, попладнево ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија ќе игра во Групата Г заедно со репрезентациите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Селекторот Ангеловски е задоволен од ждребот бидејќи, како што вели, групата е израмнета.

„Добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Не стравуваме од никого и може да се спротивставиме на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Европското првенство“, изјави Ангеловски.

Натпреварите ќе се играат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година, а првопласираните две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕУРО 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …