Дома Фудбал Англија Лондонско дерби со сите „нишани“: Пресврти, картони и победа на Арсенал (видео)

Лондонско дерби со сите „нишани“: Пресврти, картони и победа на Арсенал (видео)

Арсенал и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар со два пресврти и шест гола, а трите бодова на крајот останаа на „Емирати“.

Арсенал одлично го отвори натпреварот и рано дојде до водство со голот на Обамејанг од пенал во 10-та минута. „Топџиите“ во тој период можеа и да ја зголемат предноста, но казната за промашените шанси стигна во 30-та минута преку Даер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само четири минути подоцна судијата досуди сомнителен пенал за „спарси“, а сигурен реализатор од белата точка беше Кејн за 2:1: резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Арсенал направи комплетен пресврт и стигна до заслужена победа. Најпро израмни Обамејанг, а потоа Лаказет и Тореира погодија за конечни 4:2.

Тотенхем остана со играч помалку во 85-та минута кога Вертонген заработи втор жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума се договори со Сити

Манчестер Сити постигна договор со италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, во врска со дог…