Раководството на Милан сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, бидејќи целта е „росонерите“ да завршат во Топ 4 и да изборат пласман во Лигата на шампиони.
Клубот и Гатузо веќе го потврдија првото засилување, за 35 милиони евра ќе пристигне ѕвездата на Фламенго, Лукас Пакета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пакета ќе пристигне во Милано во следните неколку дена. Ќе тренира со тимот, а ќе може да дебитира во јануари“, потврди Гатузо.
Меѓутоа, раководството спрема уште три големи трансфери. Наводно Ибрахимовиќ е веќе договорен и се чека само потврда, а спортскиот доректор Леонардо работи на доведуваење плејмејкер и стопер.
Италијанските медиуми тврдат дека клубот е блиску до договор со Челзи за трансфер на Цеск Фабрегас, а кога е дефанзивецот во прашање се споменуваат имињата на Кристенсен и Бенатија.
Во секој случај Милан значително ќе го засили тимот во зимскиот преоден рок!
#Milan – mercato stellare a gennaio: quanti arrivi ??https://t.co/6PkUUyOVRc
— calciomercato.it (@calciomercatoit) November 30, 2018