Расправијата помеѓу Алегри и Бинучи после која стоперот беше исфрлен од тимот го вклучи аларманот кај многу клубови во Европа кои го сакаат дефанзивецот.
Манчестер Сити и Челзи минатото лето нудеа 60 милиони евра за потписот на Бонучи, но „старата дама“ одлучи да го задржи во своите редови.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Сепак, сега позицијата на Бонучи во тимот е размрдана и наводно самиот побарал да биде продаден на крајот на сезоната.
„Кориере дело Спорт“ денес предизвика „земјотрес“ и тврди дека Барселона е спремна да плати 60 милиони евра за Бонучи и дека е фаворит за неговиот потпис.
Каталонците веќе долго време се во потрага по квалитетен стопер кој ќе биде идеален партнер на Жерар Пике, па во Бонучи гледаат идеално засиливање за својот тим.
Весникот исто така тврди дека „бјанконерите“ нема да настојуваат по секоја цена да го задржат дефанзивецот и дека сега се зависи од тоа каква ќе биде одлуката на играчот.