Дома Трансфер зона Емери во Германија ја најде замената за Месут Озил

Емери во Германија ја најде замената за Месут Озил

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен, Хамес Родригез, бидејќи Унаи Емери смета дека Колумбиецот ќе биде долгорочна замена за Месут Озил.

Месут Озил е веќе во зрели фудбалски години, па „топџиите“ ја започнаа потрагата по негов наследник, а прва желба е колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


27-годишниот офазивен фудбалер ова лето ќе се врати на „Сантиагo Бернабеу“, бидејќи Баерн одлучи да не го откупува неговиот договор. Сепак, Хамес нема долго да се задржи во Мадрид бидејќи јасно е дека за него нема место во „кралскиот“ клуб.

„Дон Балон“ пренесува дека „топџиите“ веќе почнале да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Арсенал после лошиот старт заигра одлично во Премиер лигата, но целта е тимот додатно да биде засилен за следната сезона да може да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…