Дома Фудбал Лига на шампиони Фелаини пред да погоди играше со рака, тренерот на Валенсија бесен (ВИДЕО)

Фелаини пред да погоди играше со рака, тренерот на Валенсија бесен (ВИДЕО)

Скокаше Жозе Мурињо од радост откако Фелаини постигна гол за победа против Јанг Бојс во 91-та минута.

Таа победа за Манчестер Јунајтед со оглед на тоа дека Валенсија беше поразена од Јувентус значеше и пласман во следната фаза.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тренерот на Валенсија, Марселињо после натпреварот зборуваше за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс.

„Ми кажаа дека Фелаини играл со рака при голот за победа против Манчестер, но немаме решение за таа ситуација. Она што нас не зачудува е што ВАР се уште не е воведен во најпрестижното клупско натпреварување во светот. Но, тоа е фудбалот, Јунајтед освои шест бодови со голови во судиското продолжение. Сега ни останува да се фокусираме на првенството, лигата и купот“.

„Доколку не ме погодува тоа што Манчестер Јунајтед постигна гол во последните моменти, не би бил професионалец. Меѓутоа, кога ќе ви кажат дека при постигнувањето на голот се послужиле со рака, тогаш постои и одредена доза на бес“, изјави Марселињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дембеле ја одби наградата за играч на натпреварот: Потоа се појави хит-фотографија

ПСЖ се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, но вечерта не помина без драма. Ас…