Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ и дефинитивно е негов „домашен“ терен: Роналдо постави нов рекорд!

ЛШ и дефинитивно е негов „домашен“ терен: Роналдо постави нов рекорд!

Дека Лигата на шампионите е омилено натпреварување на Кристиано Роналдо тоа е добро познато, а вчера Португалецот постави нов рекорд во ова натпреварување.

Јувентус во натпреварот против Валенсија славеше победа со 1:0, а единствениот гол го постигна Марио Манџукиќ после асистенцијата од Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, овој пат не се ниту головите, ниту асистенциите во прашање. Роналдо стана рекордер по бројот на победи во ова натпреварување.

Имено, Роналдо играјќи за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и сега во Јувентус собра 100 победи во Лигата на шампионите. Со вакво нешто не може да се пофали ниту еден друг играч.

Роналдо е блиску и до уште еден рекорд. Тој во ЛШ има постигнат гол против 32 различни тимови, а во оваа статистичка категорија рекордер е Раул со 33.

https://www.youtube.com/watch?v=IpGi36c8ijE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…