Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ доби голема чест и ја носеше капитенската лента на Јувентус на мечот против СПАЛ, а тоа го прослави со гол.
Покрај голот, Манџукиќ со емотивна порака на Инстаграм се заблагодари на довербата и ги воодушеви навивачите на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Голема е честа да се носи капитенската лента на Јувентус, можам само да се заблагодарам на соиграчите и раководството на довербата. Се чувствувам како вистински Јувентино, со или без трака и давам се од себе за овој легендарен дрес. Среќен сум што можам да уживам во овој прекрасен момент и во уште една важна победа. Форца Јуве“, напиша Манџукиќ.