Дома Фудбал Останато Tухел спреми нов систем за Ливерпул: Ди Марија ќе игра како лев бек!?

Tухел спреми нов систем за Ливерпул: Ди Марија ќе игра како лев бек!?

di maria

Toмас Тухел за прв е под сериозен притисок во ПСЖ.

ПСЖ е прв во Лига 1, но тоа не ги менува многу работите главната цел е Лигата на шампионите, а тука би можеле да се соочат со елиминација уште во групната фаза што за овој клуб би било еднакво на катастрофа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во случај ПСЖ да изгуби во среда кога на „Паркот принцовите“ пристигнува Ливерпул, „светците“ би можеле да се простат од Лигата на шампионите.

Стратегот на францускиот клуб пред овој натпревар се соочува со проблеми и поради тоа се појавија гласини за новиот систем кој би можел да го проба против незгодниот противник.

ПСЖ против Ливерпул би можел да игра во формација на три стопери, што беше веќе и беше случај против Наполи во Италија (1:1), како и првенствените натпревари против Марсеј (2:0), Лил (2:1) и Монако (4:0), претходно и Ница (3:0), па и Анжерс (3:1).

Пред Буфон би можеле да играат Маркињос, Тиаго Силва и Тило Керер, кои играа заедно против Лил, но она што би било целосна новина е што Ди Марија би играл како лев бек!

Таа позиција досега ја покриваа Хуант Бернат или Муса Диаби, но изгледа дојде време Тухел да проба и со Ди Марија.

Според овие најави и под услов Мбапе и Нејмар да бидат спремни за оваа средба почетниот состав на ПСЖ би можел да изгледа вака (3-4-3):

Буфон – Маркињос, Силва, Керер – Мение, Верати, Рабио (или Дракслер), Ди Марија – Нејмар, Кавани Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…