Левиот бек на Барселона, Жорди Алба ги смета за невистинити најавите дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос имал проблеми со допинг комисијата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Фудбал Ликс“ неодамна пренесе информација дека Рамос паднал на допинг тест после финалето против Јувентус.
32 годишниот фудбалер ги демантираше таквите информации и најави тужба против секој кој ќе се обиде да ја наруши неговата репутација.
Во одбрана на Рамос, сега застана и Жорди Алба.
„Постојат малку професионалци кои се на нивото на Рамос. Го даде животот за Реал и репрезентацијата на Шпанија. Сигурен сум дека направил се како што треба и дека информациите кои се појавија во јавноста се лажни. Не е мое да коментирам, но сметам дека тоа се измислици“, изјави Алба.