Дома Фудбал Стабилна состојбата на Просинечки, останува во болница уште најмалку седум дена

Стабилна состојбата на Просинечки, останува во болница уште најмалку седум дена

Селекторот на босанската репрезентација Роберт Просинечки вчера беше оперисан откако се пожали на здравствени проблеми.

Легендарниот просинечки имал проблем со стомакот, а докторите во Сараево веднаш реагирале и го оперисале. Операцијата поминала во најдобар ред и состојбата му била стабилна.

Фудбалскиот сојуз денеска на својата официјална страница потврди дека состојбата е стабилна и под контрола.

„Голема благодарност до докторите и Клиничкиот центар за се што направија за нашиот Роби.“ – стои во соопштението од Сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…