Манчестер Јунајтед денес е казнет со 8 илјади евра поради упад на навивачите во текот на мечот од Лигата на шампионите против Јувентус.
Еден од навивачите влезе на теренот за да се сретне со својот идол, Кристијано Роналдо, а ова не е прва казна која европската фудбалска куќа му ја изрече на англискиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На мечот со Валенсија, натпреварот доцнеше со почетокот поради метежот во сообраќајот, па „Црвените ѓаволи“ мораа да платат 15 илјади евра поради тоа.
И покрај сите пехови во Лигата на шампионите кои му се случија на Жозе Мурињо, а не се врзани за теренот, Јунајтед моментално е втор во групата Х со два бода помалку од првопласираниот Јувентус.